Skip to main content
Македонија

Министерот Зејнула презема важен ресор во Владата – меѓународни партнерства и странски инвестиции

06/10/2026  19:33

На денешната 218. седница на Владата, Зулфикар Зејнула доби нова функција – министер задолжен за меѓународни партнерства и странски инвестиции.

Одлуката е донесена на предлог на премиерот Христијан Мицкоски, а Зејнула ја потврди информацијата преку објава во која најави продолжување на досегашната работа со поголема посветеност кон привлекувањето странски инвестиции и развојот на меѓународните партнерства.

„Со новите надлежности, пред нас е нов период во кој досегашната заедничка работа ќе ја продолжиме со уште поголема посветеност, со цел да постигнеме конкретни и ефикасни резултати“, порача Зејнула.

Тој додаде дека новата функција треба да биде во интерес на државата и општеството.

„Нека е со среќа и за доброто на нашата држава и нашето општество“, напиша Зејнула.