Skip to main content
Економија

СДСМ: ПИОМ е пред колапс, дупката расте поради арамиите- поголеми придонеси не се решeние

06/10/2026  11:45

Прес-конференција на Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ

Арамијата Мицкоски и неговата криминална власт го доведоа Фондот за ПИОМ  пред колапс. 

Дупката во Пензискиот фонд ја зголемија на историски 1 милијарда евра, над 14% од целиот државен буџет.

Иако од 1 јули придонесот за ПИОМ е зголемен за еден процентен поен, преку пренасочување на средствата што одеа во Агенцијата за вработување, дефицитот продолжува да расте.

Последните анализи на Фискалниот совет укажуваат дека дупката ќе се зголеми на 1.3 милијарди евра во наредните години!

Исплатите на пензиите на сегашните и идните пензионери се во ризик.

И што прави криминалната власт?

Посегнува по џебот на граѓаните, по парите на компаниите, најавува зголемување на придонесите за пензиско осигурување.

Нов арамилук.

Работодавачите нема да можат да поднесат поголем трошок за вработување и тоа ќе значи помала нето плата за работниците.

На македонските работници кои се со најмали плати во Европа, уште ова им треба. 

Помали плати и неизвесни пензии е резултатот на криминалните политики на Мицкоски.

Пензионерите се украдени од власта, пензиите не им се зголемија колку што требаше, сега се соочуваат со неизвесност. 

Нема пари па власта сака да посегне и по парите од вториот пензиски столб. 

Најновиот изговор за да им ги украдат парите на граѓаните и на идните пензионери се измислени иневстиции.

Граѓаните кои со години уплаќале може да останат без својата заштеда и без важна потпора за идната пензија.

Тоа е класичен арамилук и неодговорно поигрување со животната сигурност на стотици илјади сегашни и идни пензионери.

Владата на Мицкоски да ги тргне рацете од парите на народот и идните пензионери, да ги скрати парите од луксузи, од криминални тендери и да почне да ја намалува дупката во ПИОМ веднаш.