Skip to main content
Спорт

Рељиќ освои бронза на Албанија Г-1 Опен

05/10/2026  10:19

Нашата олимпијка и најдобра таеквондистка Милијана Рељиќ освои бронзен медал на Албанија Г-1 Опен во Тирана. 

Во првото коло Рељиќ беше слободна, но во следното беше поуспешна од Леонарда Андриќ од Канада со 2:1 во рунди.

Во борбата за медал Рељиќ се сретна со Елена Лена Торес од Шпанија каде во извонредно тесна борба со 2:1 во рунди и последната рунда со 10:9 поени Мила извојува победа. Во полуфиналето Рељиќ беше поразена од Хатиџе Пинар Јигиталп од Турција во двете рунди со 2:4 во поени. 

Ова се нови 3,60 поени за светската и олимписката ранг листа, каде се очекува и овој месец да остане меѓу најдобрите 10 во светот.