Skip to main content
Скопје

Ѓорѓиевски за ождребената кобила: Иако тоа не е наша обврска, службите на ЗОО – Скопје веднаш постапија и покажаа вистинска грижа

04/10/2026  14:02

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во врска со ождребената кобила на улица во Скопје, истакна дека иако тоа не е нивна обврска веднаш реагирале екипите на ЗОО – Скопје и стручните лица, а кобилата и ждребето се преземени и сместени на безбедно, во карантин, каде што ќе ја добијат потребната нега и стручен третман.

– Утрово нѐ затекна веста за кобила која се ождреби на улица во Скопје. Раѓањето нов живот треба да биде убава вест. Но, кога тоа се случува на асфалт, во несоодветни услови и изложено на опасност, тоа е сериозен повик за одговорност. Иако тоа не е наша обврска, благодарност до службите на ЗОО – Скопје што веднаш постапија и покажаа вистинска грижа со дела. Сепак, ова наше наше постапување не го решава системски проблемот и не смееме да се навикнеме на сликите на напуштени и есклоатирани животни по скопските улици – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.

Градоначалникот Ѓорѓиевски ги повика Агенцијата за храна и ветеринарство и МЗШВ итно да пристапат кон заедничка, координирана акција, секој во рамките на своите надлежности.

– Потребни се конкретни мерки, како заштита и соодветно згрижување на животните, одговорност за нивната експлоатација и злоупотреба. Иако не сме надлежни, Град Скопје го ставам на располагање со сите расположливи капацитети за да помогнеме во оваа акција. Очекувам итен одговор и конкретно постапување. Доколку тоа изостане, ќе ја преземеме иницијативата и ќе ги искористиме сите механизми во рамките на нашите надлежности – нагласи Ѓорѓиевски.Скопје мора да биде безбеден, уреден и хуман град. Метропола во која институциите постапуваат, а неодговорноста има последици.