
Околу 22.000 удари од гром се регистрирани на островот Крит и во јужниот дел на Егејското Море во претходните 24 часа, соопшти денес грчката метеоролошка служба, додека властите ја проценуваат штетата по периодот на обилни дождови и грмотевици.
Грчката метеоролошка служба соопшти дека се очекува обилните дождови да продолжат уште неколку часа пред да се подобрат условите. Големи делови од земјоделското производство на Крит беа уништени, а бројни патишта беа поплавени со огромни количини вода.
Бројни куќи беа оштетени, а во многу области беа регистрирани прекини во снабдувањето со електрична енергија. Метеоролозите објавија дека во областа на Ретимнон наврнале до 500 милиметри дожд.

Германска туристка загина, а нејзиниот сопруг беше полесно повреден откако беше погодена од гром на островот Родос во петокот. Метеоролошката служба соопшти дека се очекува временските услови да се подобрат.

