
Авион со шест лица изгубил контакт со контролорите на летот на пат од Бермуди до Бостон, а крајбрежната стража на САД соопшти дека го бара исчезнатиот авион покрај брегот на Нантакет.
Авионот за итна медицинска помош регистриран во Канада превезувал четири члена на екипажот и двајца патници кога во текот на ноќта полетал од Меѓународниот аеродром Л.Ф.Вејд на Бермудите кон Масачусетс, се наведува во соопштението на компанијата „Скајпорт“, која управува со тој аеродром.
Крајбрежната стража соопшти дека Сојузната управа за воздухопловство пријавила дека авион од типот „Gulfstream G100“ рано изутрината изгубил контакт со нив.
Во потрагата по авионот се вклучени екипи од воздух и вода, соопшти крајбрежната стража. Националниот одбор за безбедност на сообраќајот соопшти дека собира информации за ситуацијата, но нема нови податоци за објавување.



