
СВР Скопје поднесе кривична пријава против малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „производство и дистрибуција на детска порнографија“ и „силување на дете кое не наполнило 15 години“.

Во 2025 година, пријавениот извршил обљуба врз малолетничка, при што снимал со телефон, а потоа видео материјалот го користел за да ја уценува.
