
Околу 19.000 луѓе денеска учествуваа во протестни акции во неколку градови низ Германија, барајќи поправедна социјална политика, посилни мерки за заштита на животната средина и борба против климатските промени.

Под слоганот „Гори“, учесниците формираа човечки синџир во неколку градови и повикаа на нов политички и социјален почеток, објавува „Шпигел“.
Организаторите изјавија дека акциите се планирани во 112 градови, додека вкупната должина на различните човечки синџири околу пладне била проценета на приближно 21 километар.

