Skip to main content
Спорт

Синер откажа уште еден турнир

03/10/2026  17:18

Најдобриот тенисер на светот Јаник Синер соопшти дека поради повредата нема да настапи на мастерсот во Шангај. Тенисерот од Италија поради повредата на коленото не настапи на неколку турнири и од таа причина е загрозено неговото прво место на АТП листата.

–  За жал нема да можам да играм на турнирот во Шангај годинава, иако имав надеж. Секогаш било пријатно да се игра пред навивачите во Шангај и жалам што нема да бидам таму.

Синер во 2024 година триумфираше на мастерсот во Шангај, откако во финалето го совлада Новак Ѓоковиќ; додека минатата година сензационален победник беше Валентин Вашеро од Монако.

Мастерсот во Шангај ќе се игра од 7 до 18.октомври.