
Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, во интервју за Алсат-М истакна дека инфлацијата е во стабилна состојба и дека инфлациските притисоци се намалени во споредба со претходните периоди.
„Податоците на ДЗС покажуваат дека инфлацијата е 2,6 проценти. Има инфлација, но притисокот е намален во споредба со почетокот на мандатот, кога инфлацијата достигнуваше 4 проценти и повеќе, додека пред три или четири години изнесуваше од 8 до 10 проценти. Чекорите што ги презедовме ја стабилизираа состојбата”, истакна Дурмиши.
Говорејќи за буџетот, министерот нагласи дека тој е стабилен и дека платите во јавниот сектор и пензиите ќе продолжат редовно да се исплаќаат до крајот на годината.

