
Соопштение за јавност на ВЛЕН:
На Западен Балкан му е потребен функционален регионален пазар, но пред сè соработка што го приближува регионот до Европската Унија.
Берлинскиот процес е рамката за оваа соработка да се претвори во конкретни резултати: помалку бариери за бизнисите, повеќе инвестиции, поголема конкурентност и посилно поврзување со европските синџири на вредност.
Економскиот потенцијал на регионот е голем. Следниот чекор е домашните компании да не останат само дел од производството, туку да создаваат поголема додадена вредност, да развиваат сопствени технологии и производи и да имаат поголема улога на европскиот пазар.
Во таа насока, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, учествуваше на економската конференција во Будва, во рамки на Берлинскиот процес, каде што во фокусот беше зајакнувањето на Заедничкиот регионален пазар и економското приближување на Западен Балкан кон Европската Унија.

Ова е регионалната соработка што ја поддржува ВЛЕН. Соработка што создава можности и го приближува регионот до Европа.

