
Општина Бутел извести дека e изграден спортско-рекреативен центар во населеното место Радишани горна зона.

Новиот спортски комплекс се протега на површина од 2500 метри квадратни и содржи ново фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште, нови трибини и столчиња, нова метална ограда и лед осветлување. Истовремено, се изврши реконструкција и проширување на детското игралиште и се постави нова урбана опрема.
Општина Бутел се менува. Локалната самоуправа инвестира и создава можности за редовно практикување на спорт на сите граѓани, велат од Општината.

