Skip to main content
Свет

Пицерија во Германија доставувала дрога: „Пица брoj 40 беше една од најпродаваните“

22/10/2024  10:43

Пицерија со седиште во германскиот град Дизелдорф се најде во центарот на полициската истрага за продажба на дрога.

Според германската полиција, пицеријата испорачувала пици, но и кокаин, кој на менито бил наведен како „пица број 40“. „Тоа беше една од најпродаваните пици“, соопшти германската полиција, пренесува Дојче веле.

36-годишниот сопственик на пицерија фрлил торба полна со дрога низ прозорецот штом полицијата му заѕвонила на врата. Сопственикот немал криминално досие. Два дена по апсењето, тој беше ослободен од затвор и повторно почна да ја нуди „Пицата број 40“, што им помогна на полицајците да идентификуваат други алки во синџирот.

Покрената е акција во која се уапсени 15 лица, од кои тројца се осомничени за набавка на дрога. Запленети се 1,6 килограми кокаин, 400 грама канабис и 268.000 евра во кеш. Во истрагата учествувале 150 полицајци.