Skip to main content
Балкан

Рама: Пресудата за Тачи и водачите на ОВК е срамна

16/09/2026  13:08

Албанскиот премиер Еди Рама објави слика на Facebook на која се гледа бодликава жица преку карта на Европа и порака од еден збор: „Marre“ („Срам“).

Објавата на Рама доаѓа по изречената пресуда против Хашим Тачи и други водачи на ОВК, а албанскиот премиер претходно, во повеќе наврати го критикуваше самото судење како неправедно.

Screenshot

Поддржувачите на обвинетите, кои отпатуваа во Хаг за изрекувањето на пресудата и го следеа преносот во живо во јавен парк, бурно реагираа кога беа објавени осудителните пресуди. Накратко дојде до судир со холандската полиција, која употреби солзавец и палки во обид да ги смири дел од поддржувачите на ОВК.