
Тепачка меѓу две млади скопјанки во центарот на Скопје завршила со полициска интервенција и приведување, откако девојките, според МВР, агресивно се однесувале и кон полицајците кои пристигнале на местото.
Инцидентот се случил вчера, 14 септември, околу 19:50 часот на подрачјето на Општина Центар.
Полициски службеници од СВР Скопје ги привеле С.Р. (26) и В.А. (24), двете од Скопје, откако претходно било пријавено дека го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка.
Според информациите од полицијата, при интервенцијата двете девојки агресивно се однесувале и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија.
Ситуацијата дополнително се усложнила кога при преземањето мерки и извршениот преглед, кај 24-годишната В.А. бил пронајден остар предмет.
Двете скопјанки биле приведени, а од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.



