
На 14.09.2026 во 15:15 часот кај село Горно Оризари, велешко, полициски службеници од СВР Велес ги лишија од слобода Ф.К.(31) и М.К.(26), двајцата од Горно Оризари. Кај место викано „Локва” во атар на Горно Оризари, било сопрено патничко возило „опел” со велешки регистарски ознаки, управувано од Ф.К., а сопатник бил М.К., кое било натоварено со огревни дрва без жиг и без соодветна документација. По насоки од јавен обвинител возилото, дрвата и останати предмети биле одземени, увид на местото каде била извршена бесправна сеча извршила увидна екипа од СВР Велес и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.


