
Студентите во Србија попладнево ја поднесоа листата со кандидати за пратеници за предвремените парламентарни избори.
Меѓу 250те имиња има професори, студенти, уметници, аналитичари и луѓе од јавниот живот.
Како дел од листата е и екс кошаркарот Дејан Бодирога кој сега ја извршува функцијата претседател на Евролигата.
Бодирога со СР Југославија беше светски и европски првак а силен печат остави и во клупската кошарка првенствено во дресот на Барселона.
Парламентарните избори во Србија ќе се одржат на 25 октомври.

