
На 13.09.2026 околу 12:30 часот во с.Банско, струмичко, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Ново Село, додека извршувале службени дејствија со полициски службеници од Фронтекс, забележале товарно возило „форд транзит” со струмички регистарски ознаки, натоварено со дрва, а го управувал Ф.И.(33) од с.Банско.

При обид да извршат контрола на Ф.И. и возилото, Ф.И. го придвижил возилото и удрил во полициски службеник од Фронтекс од Полска, а потоа и во трактор „имт”, управуван од Ѓ.М.(52) од с.Банско. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле полицискиот службеник и возачот Ф.И., констатирани во Медицински центар Струмица.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица, при што било констатирано дека возачот на тракторот Ѓ.М. го управувал возилото без положен возачки испит, додека возачот на товарното возило „форд транзит” Ф.И. е лишен од слобода.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
