
Безбедносна камера снимила две лица кои доаѓаат со електрични тротинети пред неколку дуќани во трговски центар во Шуто Оризари, го потпалуваат пожарот и веднаш бегаат од местото на настанот. На социјалните мрежи се појави видеоснимка од моментот на подметнување на пожарот објавена од „Рома њуз“.

Засега нема официјална информација од МВР дали лицата од снимката се идентификувани и дали се преземени мерки за нивно пронаоѓање и приведување.


