Во седмата епизода од поткастот ЗРАК со д-р Марина Вукашиновиќ се зборува за канцер на белите дробови.
Гости на д-р Марина се специјалист д-р Славко Тасевски од Универзитетскиот институт за позитронско емисиона томографија ПЕТ Скен и градоначалникот на општина Карпош Стевчо Јакимовски, кој е рековалесцент од канцер на бели дробови.
Во емисијата ќе слушнеме лични искуства од Јакимовски во борбата против канцерот на бели дрбови, но и за важноста на радиодијагностиката и навременото откривање на оваа подмолна болест.
Од сите малигнитети, ракот на бели дробови е причина број еден за смртност.
Целата епизода на следниот линк започнува во 21:00 часот.