
Соопштение за јавност на СДСМ:
Оваа година лото-добивката – се падна кај Мицкоски и неговата Организирана криминална група.
5,5 милиони евра преку криминални договори кои Мицкоски сакаше да ги сокрие дека се „нула денари”.
Огромни народни пари, во време кога Владата нема пари за земјоделците, нема пари за плати, за пензии, за мерки за помош на граѓаните поради високите цени.
Тоа се 5,5 милиони причини граѓаните да ја знаат целата вистина, да ги видат документите и да добијат одговори каде завршија нивните пари.
Кои компании добиле милиони евра и врз основа на кои критериуми?
Како била избрана тричлената комисија во АД „Државна лотарија”, која одлучувала за изборот на фирма за прославата?
Како е можно претседателот на таа комисија истовремено да се јавува и како автор на оркестрациите и аранжманите за концертот?
Врз основа на кои критериуми биле ангажирани фирми-ќерки и колку милиони евра народни пари добиле преку Државната лотарија?
Колку пари се потрошени за провизии и проценти и во чии џебови завршиле?
Кога биле платени изведувачите и колку?
Дали со Гета сè било претходно договорено, уште пред да биде завршен јавниот повик и пред да се знае кој ќе биде избран на тој повик?
Мора да има одговори на сите прашања.
Ова е оргомен сомнеж за проневера на народни пари и уште еден доказ за арамискиот концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група.


