Skip to main content
Хроника

Јакимовски помина 4 месеци во затвор – ослободен за случајот со бараките во кои денес се сместени дечиња

10/09/2026  20:27

Исправена е неправдата кон градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, кој беше осуден за случајот со бараките што денес имаат сосема поинаква и, пред сè, корисна намена – во нив се сместени дечиња од градинка.

Јакимовски е ослободен, со што завршува случајот кој во изминатиот период предизвика бројни реакции во јавноста, особено поради фактот што станува збор за објекти во сопственост и функција на Општина Карпош.

Иронијата на целиот случај е уште поголема ако се земе предвид дека токму бараките за кои Јакимовски се соочуваше со кривична одговорност денес се адаптирани и се користат за згрижување на деца од градинка.

Објектите во меѓувреме добија конкретна јавна намена и станаа решение за сместување на дечињата додека траат активностите поврзани со подобрување и проширување на капацитетите за предучилишно образование во Карпош.

Од почетокот на постапката Јакимовски тврдеше дека во случајот нема личен интерес, ниту прибавена материјална корист, туку дека постапувал во интерес на Општината и нејзините жители.

Со неговото ослободување се затвора едно поглавје кое долго време беше предмет на политички и правни полемики.

На крајот останува фактот дека бараките се таму, дека служат за потребите на граѓаните и дека денес во нив престојуваат деца – токму она за што општинските објекти и треба да служат: за јавен интерес.


Го препознаваш ли вистинското?