
На 10.09.2026 во 03:10 часот во село Житинени, општина Центар Жупа, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода Б.О.(33) од селото Новак.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, полициските службеници пронајдоа и одзедоа пиштол кој нелегално го поседувал. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.

