Skip to main content
Спорт

„Заншин До“ со четири медали и пласмани на светско и балканско првенство

09/09/2026  16:11

На Државниот Куп на Македонија за кадети –јуниори и У21, кој се одржа на 5-6 септември во ООУ „Кочо Рацин „-с. Петровец –Скопје, К.К. „Заншин до „-Битола настапи со 7 натпреварувачи во 7 категории и се закити со злато , сребро , две бронзи и 4 петти места .

Во категоријата ката тим мажи кадети-јуниори со златен медал се закитија: Александар Божиновски, Михаил Марковски и Лазар Китани, во категорија ката тим жени се закитија : Надалина Талевска , Каја Темелковска и Илина Шобевска додека со бронзен медал во категорија јуниори мажи се закитија : Михаил Марковски и Александар Божиновски.

Александар Божиновски , Михаил Марковски и Лазар Китани како ката тим обезбедија пласман за Светското првенство во Полска додека Надалина Талевска , Каја Темелковска , Илина Шобевска и Давид Стојчевски обезбедија пласман за Балканско првенство кое ќе се одржи од 06-08.11.2026 год.

Тренерката Стевка Јанковска Петковска изрази задоволство од постигнатите резултати и очекува успешни настапи и на претстојните меѓународни натпреварувања.

– Горда сум како тренер бидеќи секоја година успесите се поголеми, оваа година очекувам висок пласман на Светско како и медал од Балканско првенство, изјави Јанковска Петковска.