Skip to main content
Економија

СДСМ: ВМРО-ОКГ врти стара плоча дека наследиле деценски долг а за две години направија нов долг од 4 милијарди евра

09/09/2026  10:59

Соопштение за јавност на СДСМ:

ВМРО-ОКГ повторно ја врти истата плоча – тврди дека наследиле долг од изминатите 35 години.

А што направија тие за две години?

За само две години Владата на Мицкоски направи околу 4 милијарди евра нов долг.

Тоа е темпо што никој во 35 години независност не го постигнал.

Касата е празна. Се задолжуваат секоја недела. 

Каматите скокнаа од 120 на 350 милиони евра годишно.

Парите одат во криминални партиски тендери а не во плати и пензии, не одат кај земјоделците или за стандардот на граѓаните.

ВМРО-ОКГ беше на власт речиси половина од тие 35 години, од Георгиевски, преку 11-те години на Груевски, до Мицкоски денес.

И тие земаа кредити. И тие создаваа обврски.

Сега се прават како да е сè „наследено” и како да немаат никаква одговорност за новото задолжување.

Бројките за некаков раст не ги полнат фрижидерите.

Граѓаните најдобро ја гледаат вистината во своите паричници, во сметките и во идните обврски што ќе ги плаќаат нивните деца и унуци.

СДСМ земаше кредити за да им даде на граѓаните пари во време на најголема криза, после ковид пандемијата и светската економска криза.

Разликата е јасна:

* 8 милијарди евра долг – тоа е вкупниот долг што го создадоа сите претходни влади, во изминатите децении.

* Мицкоски создаде 4 милијарди евра нов долг за само две години, без конкретни резултати за народот.

Оваа организирана криминална група нема граници.

Ниту во задолжувањето, ниту во префрлањето на одговорноста.