
Премиерот Христијан Мицкоски утре ќе биде домаќин на свеченото одбележување на 35-годишнината од независноста на Македонија, кое ќе се одржи на платото пред Владата.
Централната свеченост по повод 8 Септември – Денот на независноста, годинава ќе се одржи под мотото „Силно светнал ден!“.
Почетокот на настанот е закажан за 14:00 часот, а во рамки на програмата е предвидено и празнично обраќање на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски.
Македонија утре одбележува 35 години од референдумот од 8 септември 1991 година, кога граѓаните се изјаснија за самостојна и суверена држава.
Свеченоста пред Владата ќе биде дел од одбележувањето на еден од најзначајните датуми во поновата македонска историја – три и пол децении независност и државност.


