Skip to main content
Свет

Висоцки: Во руските воздушни напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина

28/08/2026  19:41

Украинскиот министер за земјоделство Тарас Висоцки тврди дека при неодамнешните руските воздушни напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина.

– До денеска, приближно 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна е нарушена, но тоа не значи дека Украинците ќе останат без храна, посочи Висоцки.

Украина и Русија изминатите недели ги интензивираа нападите врз економски цели, како што се големите дистрибутивни магацини.

Русија особено ги засили нападите врз магацините на најголемите синџири на супермаркети во Украина, центрите за сортирање пошта и малопродажните објекти.

Изминатите недели, свежо овошје, зеленчук, шеќер, млечни производи и други основни производи повремено исчезнуваа од полиците на некои супермаркети во Киев, како резултат на руските напади врз логистичките центри на дистрибутерите на храна.

Додека украинските напади со оружје со долг дострел ги таргетираат објектите на најголемите руски онлајн трговци на мало, заедно со енергетската инфраструктура и танкерите за нафта во Црно и Азовско Море.