
На 27.08.2026 во 14:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека Н.К.(48) од охридското село Лескоец, вработен во телекомуникациска компанија, при извршување работни задачи во селото Елшани, паднал од бандера.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршија јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.



