Skip to main content
Македонија

За влез во Грција на Богородица се чека 30 минути

23/08/2026  08:01

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин ГП Табановце за влез и излез од државата времето на чекање е околу 40 минути, на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 30 минути, додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.