Skip to main content
Хроника

Брза интервенција на велешките пожарникари спречи проширување на пожар во семејна куќа

22/08/2026  17:12

Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес синоќа спречила проширување на пожар што избувнал во дневна соба од семејна куќа на улицата „Глигор Прличев“ број 8 во Велес.

Како што информираат од ТППЕ Велес, дојавата за пожарот била примена во 19:08 часот, по што веднаш на терен биле упатени едно противпожарно возило и тројца пожарникари.

По пристигнувањето на местото на настанот, пожарот бил затекнат во развиена фаза во дневната соба од објектот. Сепак, со навремена и пожртвувана интервенција, пожарникарите успеале да го локализираат и изгаснат пожарот, спречувајќи негово проширување кон останатите простории и целосно зафаќање на куќата.

Од ТППЕ Велес апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни во периодот на високите температури и суша, бидејќи и најмала искра може да предизвика пожар.

Воедно, тие потсетуваат дека при забележување пожар, граѓаните треба веднаш да се јават на бесплатните телефонски броеви 193 или 112.