Skip to main content
Свет

НАТО изрази подготвеност да одговори на каква било закана по информациите дека Иран размислува да нападне американски воени цели во Европа

19/08/2026  18:38

НАТО е подготвен да одговори на секоја закана и секогаш ќе стори сè што е потребно за да ги заштити своите членки, изјави денеска портпаролот на НАТО, по извештаите дека Иран размислува да нападне американски воени цели во Европа.

„Нашите капацитети за одвраќање и одбрана се силни и ефикасни, како што беше демонстрирано оваа година кога воздушната одбрана на НАТО пресретна четири балистички ракети што летаа кон Турција од Иран“, додаде портпаролот.

Порано денеска, Фајненшл тајмс објави дека „иранските сили ја разгледуваат можноста за напад врз американски средства во југоисточна Европа, како што е Бугарија, која минатиот месец одобри користење на својата воздухопловна база Безмер за полнење гориво на американските авиони“. Британското издание цитираше два „внатрешни извори“ „блиски до режимот“ во Техеран.