Skip to main content
Спорт

Стартува новата НБА сезона

22/10/2024  08:59

Со два натпревари во кои бранителот на титулата Бостон е домаќин на Њујорк, додека ЛА Лејкерс ја пречекува Минесота, официјално стартува 79. сезона во кошаркарската НБА лига.

Регуларниот дел од сезоната ќе се игра до 13 април идната година, а плејофот ќе стартува шест денови подоцна.

Почетокот на финалната серија е закажан за 5 јуни.

Домаќин на Ол стар викендот оваа сезона ќе биде Сан Франциско од 14 до 16 февруари.