Skip to main content
Хроника

Пожар во автобус на ЈСП, возачот сам го изгаснал

18/08/2026  14:59

На 17.08.2026 околу 15:00 часот во СВР Скопје, Д.В.(59) од Скопје пријави дека, додека управувал автобус на ЈСП, пред влез на с.Цветово, скопско, забележал чад од предниот дел на автобусот, по што застанал и со противпожарен апарат го изгаснал пожарот.

Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје.