ЕСПН: Томпсон може да премине во Клиперси

Новинарот на „ЕСПН” Адријан Војнаровски го најави можниот трансфер на Клеј Томпсон од Голден стејт во Лос Анџелес клиперс.

– Ако Голден стејт му понуди на Клеј Томсон максимум петгодишен договор за 190 милиони, тие ќе го потпишат договорот на 1 јули, тврди Војнаровски.

Ако „воините” се обидат да се договорат за други услови, нека бидат подготвени Томсон да ги напушти и да влезат на пазарот на слободни агенти. Ако тоа се случи, следна негова дестинација најверојатно ќе биде ЛА клиперс, стои во информацијата на ЕСП.

Томпсон (29) во тековниот НБА плејоф настапи на 10 натпревари, во просек, постигна 16,5 поени по натпревар, со 4,1 скока и 1,7 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави