
Без електрична енергија денеска од 06.00 до 13.00 часот, ќе бидат корисниците од населба Белви, соопшти РЦУК Скопје.
Струја во истиот период ќе немаат и објектите на мотел Белви и Чеза Комерц во општина Илинден.
Корисниците од населбата Маџирмаало во општина Центар денеска од 8:30 часот ќе останат без водоснабдување поради санирање уличен дефект на улицата „Раде Јовчевски Корчагин“ бр.18.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности за санирање на дефектот.
Поради изведување водоводен приклучок со пречник од 100 милиметри на улицата „Орце Николов“ 106 од 8:30 часот, пак, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на потегот од улицата „Ленинова“ до улицата „Наум Наумовски Борче“ во општина Центар. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.


