Skip to main content
Спорт

Ѓуретановиќ имаше добар старт, но не успеа исплива до својот најдобар резултат

16/08/2026  15:33

Македонскиот пливач Никола Ѓуретановиќ денеска го имаше вториот настап на Европското првенство во пливање во Париз. Тој во квалификациите на 400 метри слободно постигна резултат – 4:04.05 минути и го освои 5.то место во втората од седумте групи. Ѓуретановиќ беше во водство до 170 метри, но потоа победникот на групата Биен Сибила од Андора го презеде водството. Неговото најдобро време во оваа дисциплина е 3:57.75 минути.

Во вкупниот пласман македонскиот пливач го освои 49.то место од 55 пливачи кои имаа пласман, додека шестмина не стартуваа. Најдобро време во квалификациите имаше Оливер Клемент од Германија – 3:45.22 минути.

Македонскиот пливач претходно на шампионатот на 200 метри во четвртокот постави нов државен рекорд соборувајќи го 30 години стариот рекорд на Александар Маленко.