Skip to main content
Македонија

(Видео) МВР во голема акција со Косово и Грција: Запленети 300 килограми марихуана

14/08/2026  16:50

Во голема меѓународна полициска операција, спроведена координирано на територијата на повеќе држави, сузбиена е криминална група осомничена за меѓународна трговија со наркотици. Во досегашниот тек на акцијата се уапсени неколку лица и запленети се околу 300 килограми марихуана.

Од македонска страна во операцијата учествува Министерството за внатрешни работи преку Одделот за криминалистичка полиција, во координација и соработка со мешовити полициски тимови од Косово и Грција. Истражните активности се спроведуваат под водство на надлежните обвинители од Македонија, Косово и Грција.

Операцијата е резултат на подолготрајна соработка и размена на оперативни информации меѓу полициските и правосудните органи на трите земји.

Во текот на истрагата биле следени активностите на криминалната група, по што биле преземени координирани полициски дејствија за нејзино сузбивање. Досега се уапсени неколку лица за кои постои сомнение дека биле дел од групата, а запленети се околу 300 килограми марихуана наменета за нелегална трговија.

Полициската операција сè уште трае. Истражни дејствија продолжуваат во текот на денот во Македонија и Косово, како и во наредниот период, со цел целосно расчистување на случајот, утврдување на улогата на осомничените и откривање на сите околности поврзани со функционирањето на криминалната мрежа.

Поради активната истрага, засега не се соопштуваат дополнителни детали за точниот број опфатени лица, начинот на дејствување на групата и останатите преземени активности.

Повеќе информации за резултатите од меѓународната операција се очекуваат по завршувањето на истражните дејствија.