Skip to main content
Македонија

СДСМ поднесе кривична против полициски службеници и Манасиевски: Службени тајни завршиле во ВМРО-ОКГ 

14/08/2026  10:54

Прес-конференција на СДСМ,  Александар Саша Димитријевиќ, генерален секретар

Поминаа 9 дена од нападот на младите активисти во Ново Село а досега никој не е повикан на распит, нема истрага, нема ништо.

Власта ги штити насилниците, молчи Јавното обвинителство, молчи МВР.

Прво ги нападнаа физички младите активисти после и јавно, со лаги и конструкции.

Мислеа дека ќе ги замолчат.

ВМРО-ОКГ на прес-конференција објави доверливи податоци од документи од Полициската станица Струмица. 

Докуметни и податоци до кои немаат право на пристап и кои се водени како службена тајна. 

А тоа е ново кривично дело.

Мислеа дека ќе се спасат?

Се излажаа.

СДСМ денеска поднесе Кривична пријава до Основното јавно обвинителство и до Обвинителството за гонење организиран криминал.

1.Против полициски службеници во СВР Струмица за повеќе дела: 

-Злоупотреба на службената положба и овластување, со пристап кон казнената евиденција и извлекување на доверливи документи кои биле дадени и завршиле во ВМРО.

-Оддавање службена тајна (Член 360 од КЗ), затоа што податоците од казнената евиденција претставуваат класифицирана информација и службена тајна а завршиле во ВМРО.

-Злоупотреба на лични податоци (член 149), затоа што овозможиле податоци од посебна категорија (казнена евиденција) да бидат искористени за партиски цели на ВМРО-ОКГ, сосема различна од онаа за која се прибрани.

2.Понатаму, кривична пријава и против Валентин Манасиевски од ВМРО-ОКГ за:

-Злоупотреба на лични податоци. Бидејќи без никаков законски основ, јавно презентираше и соопшти податоци од казнената евиденција преку средства за јавно информирање.

-Поттикнување (член 23 од КЗ) поради основано сомнение дека самостојно или преку посредници, со умисла ги поттикнал првопријавените да ги извршат кривичните дела злоупотреба на службената положба и оддавање службена тајна.

Тоа го сторил со цел да му ги обезбедат предметните доверливи податоци за потребите на неговиот јавен настап.

Сега Јавното обвинителство е на потег. За прекршување на законите мора да има одговроност!

Криминалната ВМРО погреши што дигна рака на младите и прати насилници да ги тепаат.

Погрешија што направија уште едно кривично дело со злоупотреба на доверливи документи и податоци.

Нема да се спасат, сите ќе одговараат!