
Големата фудбалска ѕвезда Кристијано Роналдо, се венча со својата долгогодишна партнерка Георгина Родригез.
Четириесет и едногодишниот Португалец објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледаат неговите и рацете на Родригез, на кои се венчални прстени.

Роналдо и Родригез се во врска од 2016 година. Двојката има две ќерки заедно, Алана Мартина и Бела Есмералда. Тие ги одгледуваат и трите деца на Роналдо: Кристијано Џуниор, Ева и Матео.
Португалските медиумите објавија дека Роналдо и Родригез се венчале на приватна церемонија во татковината. Свадбата била интимна, со присуство само на најблиските членови на семејството и пријателите.



