Skip to main content
Македонија

ВЛЕН: Коридорот 8 се гради, ДУИ се распаѓа

07/08/2026  18:28

Соопштение на ВЛЕН:

Што сѐ не слушаме од пропагандната кујна на ДУИ! Соопштенија не само полни со измислици, туку и со голема доза хумор. Сега измислиле и нова математика – „4 спрема 1″. Бројки собрани којзнае во кое партиско кафуле.

Опозицијата очигледно тешко се согласува со реалноста, па од очај почнаа да одат од градилиште на градилиште, броејќи багери за да видат каде се работи повеќе.

Наместо да прават празна врева и да го вмешаат НАТО во својата пропаганда, нека објават барем еден документ со кој ќе го поткрепат своето тврдење за „4 спрема 1″.

На Коридорот 8 активно се работи. На делницата Гостивар–Букојчани работите се одвиваат на 17 од вкупно 31 километар, а активностите продолжуваат и на Тетово–Гостивар, како и на другите делници. Коридорот 8 е стратешки проект и ќе биде реализиран.

Лажевте додека бевте на власт, а продолжувате да ширите невистини и сега кога сте во опозиција. Рефлектирајте, бидејќи им станавте товар на граѓаните. Ако продолжите со ова темпо, граѓаните ќе ве избришат од политичката карта.