Skip to main content
Скопје

Прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците во Кисела Вода и Центар

06/08/2026  08:27

Прекин во восоднабдувањето денеска ќе имаат корисниците во делови од општините Кисела Вода и Центар.

Како што иформира ЈП Водовод и канализација поради уличен дефект ф-100 мм на ул. „Драчевска“ бб, во близина на црквата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од с. Драчево.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Поради уличен дефект ф-80мм на „Рајко Жинзифов“ 32, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Рајко Жинзифов“, дел од „Владимир Полежиновски“, дел од „Стефан Јакимов-Дедов“ и дел од „Борка Талевски“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:00 часот до завршување со активностите.