Skip to main content
Македонија

СДСМ: МНР призна дека има преговори – само што се „тајни” за гласачите на ВМРО

05/08/2026  12:29

Соопштение за јавност на СДСМ

Министерството за надворешни работи денеска демантира „тајни преговори” за францускиот предлог.

Ама Тимчо Муцунски самиот претходно рече дека има разговори „под радарот” и дека се тајни.

Тајни за кого? За гласачите на ВМРО.

Сега разговараат со Бугарите.

Сега целта е полноправно членство.

А Мицкоски претходно бараше членство заедно со Вучиќ – без право на глас.

Идентитет? Јазик?

Гордана Сиљановска веќе рече дека тоа е „завршено и апсолвирано”.

Што тогаш останува?

Сите европски претставници јасно кажаа: нема отстапки, нема друг начин, нема гаранции.

Не можете да избегате од вистината.

Лажете за сѐ.


Оваа Влада еден ден зборува едно, друг ден друго.

Единственото што е константно – се лагите.