
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа се пласираше во второто коло на турнирот од серијата W75 во Лајпциг, откако попладнево со 2-1 во сетови (6-4, 4-6, 6-4) ја совлада Анастасија Фирман од Украина.
Ѓорческа до стартната победа на турнирот во германскиот град дојде по 2 часа и 30 минути.
Во второто коло македонската тенисерка ќе игра против чешката тенисерка Алена Ковачкова, која претходно денеска со 2-0 во сетови ја совлада Сохун Парк.
Турнирот во Лајпциг се игра за награден фонд од 60.000 долари.


