Skip to main content
Хроника

МВР поднесе кривична пријава против лице кое вербално го нападнало Мицкоски во Ташмаруништа

04/08/2026  14:56

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Г.(52) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство” по чл.386 став.5 од Кривичниот законик.

Тој, на 02.08.2026 во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа бил лишен од слобода, по претходна пријава дека упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август.