Skip to main content
Хроника

Изгаснат е пожарот во скопска „Лептокарија“

02/08/2026  12:39

Пожарот во населбата Лептокарија (Опш.Карпош) е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи.

Според информациите на ЦУК, горела скара во угостителскиот објект „Гиро Хоусе“.

Во гаснењето на пожарот учествувала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје со едно протипожарно возило и со три пожарникари.