
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против С.С.(35) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „криумчарење мигранти” и „фалсификување исправа”.
На 21.07.2026 на Граничен премин Богородица, полициски службеници сопреле патничко возило „ауди а5″ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од пријавениот. При извршен преглед во возилото, биле пронајдени пет мигранти од Авганистан, а утврдено е и дека регистарските таблички биле од друго патничко возило.



