
На ден 01.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 7 пожари на отворен простор, од кои 4 се активни, нема пожари под контрола, а 3 пожари се изгаснати, инормираат од Центарот за управување со кризи.
Активни пожари:
Општина Македонски Брод: помеѓу селата Слатина и Грешница (дабова шума).
Општина Струга: помеѓу селата Делогожда и Татеши (борова шума).
Општина Сарај: с. Буковиќ (ниска вегетација).
Општина Илинден: кај клучката Марино (ниска вегетација).
Пожари под контрола:
Нема.
Изгаснати пожари:
Општина Велес: кај фирмата „Енмон“ (ниска вегетација).
Општина Струмица: с. Добрејци (ниска вегетација и стрниште).
Општина Ѓорче Петров: кај гробиштата (ниска вегетација).



