Skip to main content
Хроника

Вандализам во струшкото село Боровец, искршени и оштетени 14 гробови

31/07/2026  14:42

На 30.07 2026  во 18:30 часот во полициското одделение во струшкото село Велешта било пријавено дека во кругот на црквата „Св. Богородица” во селото Боровец биле осквернавени 14 гробови на тој начин што биле оштетени мермерните плочи.

Увид на местото извршија полициски екипи и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветна пријава.