
Двегодишно дете од Куманово било затруено со разредувач за боја, по што било пренесено на понатамошно лекување во Скопје, информира СВР Куманово.
Случајот во полиција бил пријавен од Општата болница Куманово околу 14 часот. На детето најпрво му била укажана лекарска помош во кумановската болница, а потоа било транспортирано во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување.
Засега нема дополнителни информации за здравствената состојба на детето, ниту за околностите под кои дошло до труењето.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Во кумановскиот регион и минатата година беа регистрирани неколку случаи на труење кај деца. Во дел од случаите децата испиле средства за чистење или дезинфекција, додека во други станувало збор за внесување таблети.

