
Двајца скопјани се лишени од слобода ноќеска на улицата „Индира Ганди“ во Скопје, откако едниот, според полицијата, фрлил кеса со марихуана, нападнал полициски службеник и се обидел да побегне, додека другиот се обидел да го спречи приведувањето.
Од МВР информираат дека настанот се случил околу 01:30 часот, кога полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода М.К. (30) и А.М. (40), двајцата од Скопје.
Според полициските информации, службениците го забележале 30-годишниот М.К. како фрла кеса со марихуана. Кога полицајците се обиделе да извршат проверка, тој нападнал еден од нив и се обидел да побегне.
Обидот за бегство бил спречен, по што М.К. бил лишен од слобода.
Во меѓувреме, 40-годишниот А.М. се обидел да ги спречи полициските службеници при приведувањето на М.К., по што и тој бил лишен од слобода.
Од МВР најавуваат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

